Почетна » Новости » Занимливости » Ед Ширан изненади обожавателка болна од рак за нејзиниот 20. роденден

Ед Ширан изненади обожавателка болна од рак за нејзиниот 20. роденден

Ед Ширан редовно ги изненадува своите фанови. Талентираниот пејач овој пат се вклучи во роденденската прослава на обожавателка болна од рак, која поради болеста не можела да присуствува на неговиот концерт во Окленд, Нов Зеланд.

Џес Најт во октомври минатата година ја купила својата карта за концертот на Ширан, но само две недели подоцна ја добила страшната дијагноза. Нејзе ѝ било соопштено дека страда од леукемија и веднаш била префрлена во болница, каде примила хемотерапија и ѝ била извршена трансплантација на коскена срж.

Ед Ширан и Џес Најт

Преку кампања на Facebook, која ја започнала со помош на своите пријатели, Џес го замолила Ширан да биде гостин на нејзиниот 20-ти роденден. Добродушниот Англичанец со радост прифатил.

Ед Ширан и Џес Најт Ед Ширан и Џес Најт

„Тој е прекрасен дечко. Навистина искрен и приземен“ – напиша на Facebook Џес, која не можела да ја сокрие насмевката поради исполнувањето на големата желба.

Ед Ширан, Џес Најт и пријателите

Погледнете дел од роденденската прослава во болницата каде се лекува Џес.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20841 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.