Почетна » Новости » Занимливости » Драга идна мајко: Топли пораки од 15 лица со Даунов синдром

Драга идна мајко: Топли пораки од 15 лица со Даунов синдром

E-mail порака на една трудница испратена до „CoorDown“, национална организација за лицата со Даунов синдром во Италија, го поттикна создавањето на емотивното и инспиративно видео „Dear Future Mom“.

Во пораката идната мајка објаснила дека нејзиното неродено дете има Даунов синдром. „Се плашам: каков живот ќе има моето дете?“ – запрашала таа.

Видеото нуди одговори на нејзиното прашање од 15 лица со Даунов синдром, а секој од нив има сила да ви го стопли срцето.

„Драга идна мајко, не плаши се. Твоето дете ќе може да прави многу нешта. Ќе може да те прегрнува. Ќе може да трча кон тебе. Ќе може да зборува и да ти каже дека те сака... Драга идна мајко, твоето дете може да биде среќно, како што сум и јас. И ти ќе бидеш среќна исто така...“

Видеото е направено по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром кој се одбележува на 21 март.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.