Каде и да се појават, Брит Канја и Гунтер Крабенхофт привлекуваат внимание со стајлинзите кои зрачат со безвременска класика. Мотото на ексцентричниот пар од Берлин е: „Животот започнува на стари години“.
Годините не се пречка 74-годишниот Германец и неговата софистицирана партнерка да се појавуваат на голем број културни и уметнички настани во Берлин, но и да посетуваат ноќни клубови. Тие секогаш знаат како да се издвојат од толпата и да привлечат внимание.
Брит и Гунтер имаат профили на Instagram каде споделуваат фотографии од нивните аутфити кои никогаш не излегуваат од мода.