Џун и Хуберт Маликот се заедно речиси целиот свој живот. Партнерите од Охајо се во брак 79 години, а заедно ги прославија и нивните 100-ти родендени.
Џун и Хуберт биле родени на само 10 дена растојание – 13 и 23 јули 1922 година. Нивниот јубилеен роденден беше одбележан со посета на семејството и пријателите.
За „Today“, парот сподели совети за добар заеднички живот и среќен брак. „Не минавме низ животот без проблеми, но никогаш не направивме нешто со кое што би се повредиле меѓусебно. Ако има несогласување, може да треба да се повлечиш настрана. Потоа се враќаш по неколку минути и го решаваш проблемот или ја менуваш темата“ - изјавиле тие.
„Беше добар живот. Добра тимска работа и добар дом“ – изјавил Хуберт.
Тие се запознале во септември 1941 година во црквата „Eaton Road“, каде се венчале во ноември следната година. Заедно имаат три деца, седум внуци и 11 правнуци.