Заљубени партнери од Русија ја водат нивната романса низ светот, создавајќи фотографии кои се хит на Instagram.
Јана Левенцева и Владислав Романов постојано си ја зголемуваат популарноста на социјалните мрежи. 27-годишната Русинка, која е блогерка од 2012 година, ја следат повеќе од 1,5 милиони обожаватели. Таа има соработувано со познати брендови како Guess, Vivasan и Mille Rode Milano.
Во моментов, Јана е фокусирана на патување низ светот, а Владислав е и фитнес тренер со свои онлајн програми.