Почетна » Новости » Занимливости » „Денот кога жената ќе престане да го бара твоето внимание е денот кога таа повеќе не сака да се бори. Погледни ја и слушни ја“

„Денот кога жената ќе престане да го бара твоето внимание е денот кога таа повеќе не сака да се бори. Погледни ја и слушни ја“

Лаура Маза е блогерка која привлекува големо внимание со своите текстови за мајчинството, бракот, самодовербата и самопочитта.

Таа постојано испраќа пораки до мажите да ги ценат и почитуваат своите сопруги и да им покажуваат дека го забележуваат нивниот труд. Лаура тврди дека секоја жена сака да биде „видена“ од саканиот и дека нејзините напори треба да бидат ценети.

Лаура Маза

Знаете ли што навистина сакаат мајките? Се разбира, цвеќе би било убаво, а и подароците се специјални, но ние сакаме нешто многу едноставно...

Сакаме да бидеме видени и сакаме да бидеме избрани.

Таа играчка што ја собравме, тој оброк што го приготвивме, тоа ноќно хранење, менувањето на тоалетната хартија и полнењето на шишето со сапун... Прегледите на кои одиме, активностите кои ги создаваме, нештата кои ги правиме за да го составиме денот... Сакаме тоа да биде видено. Сакаме тоа да биде забележано. Да биде ценето.

Кога бараме помош, а вие си мислите дека ве форсираме, застанете една секунда и помислете дека можеби имаме потреба од вас. Дека ни требате во нашиот тим.

Ако видиш хаос на подот, не чекај таа да раскрене, не чекај таа да полуди. Помогни ѝ. Таа има потреба од тебе. Смени ја сијалицата кога ќе ѝ ветиш дека ќе ја смениш. Правејќи го она што го ветуваш, ти ѝ ја зголемуваш довербата.

Ако се бориме за вашата љубов, ви кажуваме дека ни треба гушкање, дека сакаме да поминеме време со вас, дека треба да нè избирате нас, сфатете го тоа како знак дека ве сакаме премногу и ве избираме вас. Денот кога жената ќе престане да го бара твоето внимание е денот кога таа не сака да се бори повеќе. Забележи го нејзиниот труд и избери ја неа.

Не чекајте децата да ви наполнат 18 години за да одите на љубовни состаноци, направете го тоа сега. Види ја поради нејзината убавина, насмевката која ја обожаваше, потсети ја за она нешто кое те натера да се заљубиш во неа. Види ја жената во која се заљуби.

Кога таа се обидува нешто да ти каже, но децата се качуваат по неа и не ѝ дозволуваат да зборува, покажи им преку пример барајќи од нив да почекаат. Научи ги дека нејзиниот глас е важен и вреди да се слушне. Спушти го телефонот, погледни ја и слушни ја.

Покажи ѝ дека си на нејзина страна. Ако е луда и ти вели дека сака да одлета на месечината, биди личноста која ќе ѝ изгради ракета. Биди нејзин пријател. Биди ѝ поддршка. Биди во екипата која навива за неа.

Држи ѝ ја раката, не само кога е во најдобро светло, туку и кога е во најлошото и физички и ментално, и забележи ја.

Види ја и избери ја неа. И во најдобрите и во најлошите времиња, и низ сè што се случува помеѓу нив. И во уморот и во забавата. Избирај ја секоја секунда, секоја минута и секој ден.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 22213 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.