Божиќната реклама на Orange и креативната агенција Publicis Conseil ќе ви го згрее срцето.
Во видеото е прикажан тажен Снешко кој со нетрпение очекува да дојде зимата и празничната сезона за да се обедини со омилените личности – децата. Рекламата ја слави сезоната на семејни собири и обединувања по долгата пандемија.
„Овој Божиќ, Orange лансира кампања заедно со Publicis Conseil во чест на божиќните обединувања по две чудни години на локдауни и долги месеци без да се видиме едни со други“ – пишуваат тие.