Загубата на родител е тешка и болката никогаш не поминува.
Девојка, чиј татко се самоубил кога таа била тинеџерка, сега активно се бори да им помогне на сите оние кои имаат самоубиствени мисли и кои сметаат дека се заробени во безизлезни ситуации.
Никол Лет закупи билборд и постави силна порака, која допира до секоја личност што ќе ја прочита. „Ти си човек. Ти заслужуваш љубов. Ти си силен. Ти си доволен“ – е испишано на билбордот во Канзас Сити.

Таткото на Никол, Ричард, се самоубил кога таа имала 17 години.
„Кога имав 17 години, поради самоубиство изгубив личност која ми значеше сè на светот и тој ден се заколнав дека ќе го поминам остатокот од животот обидувајќи се да спасам живот и да докажам дека љубовта е доволна. Поминаа 9 години и јас научив многу повеќе за тоа што значи да работиш на спасување животи и закрепнување. Со текот на годините, сфатив дека не можам да спасам нечиј живот, но можам да создадам охрабрувачки и афирмативен простор за да им помогнам на луѓето да си ги спасат сопствените животи“ – вели Никол.
Нејзината порака допрела до многумина. „Реакциите се неверојатни, срдечни и позитивни. Примив многу мејлови од луѓе кои ми кажаа дека тоа им значи, или кои ја видоа пораката во некој ужасен ден во кој мислеа дека нема да преживеат и без да знаат, тие велат, дека пораката на билбордот им помогна да преживеат уште еден ден“ – објаснила Никол.
Сопственикот на билбордот се понудил да ја поддржи Никол и да продолжи да ја прикажува пораката што е можно подолго време.