Слатко девојче има прекрасна мисија пред себе – да го промени начинот на кој луѓето гледаат на Дауновиот синдром.
Миа Армстронг вели дека Дауновиот синдром е нејзина супермоќ и дека тој не ја спречува да ги прави сите нешта кои ги обожава.
„Луѓето со Даунов синдром се способни, паметни и силни. Јас имам Даунов синдром. Дауновиот синдром е мојата супермоќ“ – вели 10-годишното девојче.
„Јас сум како вас“ – самоуверено извикува Миа во видеото. „Ако ме видите, не покажувајте кон мене со прст, не шепотете, не гледајте на другата страна“ – додава таа.
Миа и нејзината мајка Кара постојано се залагаат за зголемување на свеста кај луѓето. Бидејќи постојано ги слушала зборовите „Многу ми е жал“ поради нарушувањето на нејзината ќерка, Кара вели: „Сакам светот да знае дека не треба да им е жал. Дека Дауновиот синдром е нешто што ние го славиме“.