Јулија Липницкаја ѝ помогна на Русија да го освои првото злато на Зимските олимписки игри, кои се одржуваат во Сочи.
15-годишната девојка ги засени поискусните натпреварувачки со грациозни движења и сигурни скокови, а со добриот резултат ги издигна Русите на првото место во екипното натпреварување во уметничко лизгање.
Со тоа Јулија стана најмладата спортистка која има освоено златен медал на Зимските олимписки игри кога било досега.
Погледнете ја талентираната Русинка која ќе ве остави без зборови.