Ким Ју На е вистинска кралица на мразот. 23-годишната натпреварувачка од Јужна Кореја постигна најдобар резултат во кратката програма во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Сочи.
Со беспрекорна елеганција и самоувереност Ким се искачи на првата позиција, оставајќи ги зад себе Аделина Сотникова од Русија и Каролина Костнер од Италија.
Нарекувана уште и „Кралицата Ју На“, младата натпреварувачка е фаворит за освојување на златото. Во нејзини раце заврши и златниот медал на ЗОИ во 2010 година.
Погледнете го денешниот настап на Ким:
Јулија Липницкаја остана на петтото место откако падна по еден од скоковите.