Синоќа, на небото се појави многу редок феномен – „сина супермесечина“, која беше втора полна месечина овој месец.
Оваа спектакуларна глетка ќе се повтори дури по 14 години, односно во 2037 година.
Вчера, месечината беше најблиску до Земјата и беше поголема и посветла од вообичаено. Беше оддалечена само 357.344 километри, што е за 160 километри поблиску од супермесечината на 1 август.
Терминот „сина“ не се однесува на бојата на нашиот природен сателит, туку на фактот што е втора полна месечина којашто се појавува во еден месец.
Сите оние кои го проследија овој небесен спектакл, имаа можност да ја видат и планетата Сатурн.
Неколку македонски фотографи направија одушевувачки фотографии од синоќешниот небесен феномен. Погледнете ги делата на Стојан Стојановски, Ивона Кочов и Боби Кузмановски.