Синоќа, небото беше осветлено од импресивниот феномен познат како Супермесечина.
Месечината се наоѓаше на точка која е најблиска до Земјата и изгледаше 14 пати поголема од оној момент кога е најоодалечена од нашата планета.
Доколку немавте можност да се насладувате на оваа фантастична глетка, преку фотографии уживајте во танцот на месечината.
Фотографот Стојан Стојановски сподели свое фото-дело од Супермесечината над Охрид.
Оваа Супермесечина, е позната и како „снежна Супермесечина“, бидејќи честопати се совпаѓа со обилните снежни врнежи во овој период од годината.
Ова е втора Супермесечина за оваа година. Првата се случи на 21 јануари (крвава волчја Супермесечина), додека следната ќе биде на 21 март.