Во изминативе часови на одредени делови од светот можеше да се набљудува интересен небесен феномен нарекуван „кравава волчја Супермесечина“.
Не само што имаше целосно затемнување на Месечината, туку настапи и „Супермесечина“, односно Месечината беше најблиску до Земјата и изгледаше поголема и посветла од вообичаено.
Веројатно најубавата фотографија од ова небесно случување беше направена во Финска, а беше објавена на социјалната мрежа Reddit.
Крвава Месечина се нарекува настанот кога Месечината е голема и црвеникава. Се случува само кога е полна месечина.
Во моментот кога може да се набљудува овој феномен, Месечината минува директно зад Земјата и влегува во нејзината најтемна сенка. За да се случи тоа, Сонцето, Земјата и Месечината треба да формираат совршена линија меѓу себе.
Сончевите зраци кои во тој момент стигнуваат до Месечината минуваат прво низ Земјината атмосфера, која филтрира најголем дел од сината светлина, правејќи Месечината да изгледа црвено.
Погледнете и неколку други фотографии од вчерашното и денешното небо.