Оваа празнична сезона, Диор создаде незаборавно искуство за жителите и посетителите на Њујорк.
Луксузниот моден бренд ја трансформираше фасадата на 10-катната стоковна куќа „Сакс“ на Петтата Авенија со бајковита инсталација која мами погледи. За празничната кампања „Carousel of Dreams“ (Вртелешка на соништата) Диор и „Сакс“ работеа заедно, ангажирајќи 100 уметници. Потребни биле 10 месеци за да се создаде инсталацијата и украсите поставени на излозите.
Хороскопските знаци, ѕвезда, детелина и месечина, се дел од елементите поставени на огромното тркало кое се протега над прекрасните излози на продавницата, а кои го репризираат мотивот создаден од уметникот Пјетро Руфо за линијата Cruise 2024 на Диор.
Секој украс поставен на 24-те прозорци е рачно изработен и обоен.
На отворањето се појави амбасадорката на Диор, Џенифер Лоренс, која сними и видео за настанот.
Видео
Диор го отвори првиот бутик во „Сакс“ во 1971 година.