Војвотката Кетрин и принцот Вилијам присуствуваа на традиционалната парада на ирската гарда по повод Денот на Св. Патрик.
37-годишната претставничка на британското кралско семејство носеше темнозелено палто од Александар МекКвин, шапка со цветови од брендот Lock & Co. и салонки од Џанвито Роси. Како и секоја година, така и оваа, принцот Вилијам беше облечен во униформа од ирската гарда.










Пред да го проследи маршот на околу 350 војници, Кетрин им врачи детелина на војниците и офицерите. Тоа е традиција која започнала уште во 1901 година.














Кралскиот пар, војниците и нивните семејства им оддадоа почит со едноминутно молчење на 50-те жртви во терористичкиот напад во Нов Зеланд.

Кетрин и Вилијам позираа со офицерите и чуварите од првиот баталјон на ирската гарда.









