Вирално „time-lapse“ видео ја покажува напорната работа на мајките која другите не ја гледаат и е потсетник зошто тие се преморени.
Во него е снимена една вечер на мајка-доилка и нејзиното 17-месечно дете кое спие немирно и постојано се буди за да цица. На крајот од видеото, во креветот доаѓа и другото дете.
„Воопшто не е чудно што 93% од мајките изјавуваат дека се преморени, а 89% изјавуваат дека спијат помалку од 8 часа секоја вечер“ – пишуваат од Motherly.
Кога првпат го видела видеото, мајката Черел се запрашала „Дали воопшто спиев?“.
„Во мојот мозок не изгледаше вака. Се шокирав кога видов колку всушност се кратки овие интервали“ – додала таа.
Черел одлучила да спие со малата ќерка откако таа се соочила со респираторна инфекција на возраст од само 2 недели.