Мајка на две деца напиша пост во кој отворено зборуваше дека она што го гледате на Instagram не е реалност.
Кејтлин Фледаџер, која ја следат 240 илјади лица, сподели дека најголем дел од нејзините фотографии се планирани, редактирани и темпирани и дека не ја одразуваат нејзината реалност. Популарната Канаѓанка тврди дека секој има свои проблеми, но дека фотографиите на Instagram воопшто не го покажуваат тоа.



Еве го нејзиниот пост:
Еј ти, да ти! Ти што седиш таму по тренерки, куќата ти е хаос, а ти прелистуваш на Instagram. Посакуваш да изгледаш како некоја од тие жени. Посакуваш домот да ти изгледа како на некоја од тие жени. Дури и посакуваш животот да ти изгледа како не некоја од тие жени. Не треба да го правиш тоа. Нивните животи се исти како твојот. Тие имаат проблеми исто како ти. Сите тие се дотеруваат само за фотографија, а потоа повторно си облекуваат тренерки. Исто како тебе. Знаеш ли како го знам тоа? Бидејќи јас сум една од тие жени.
Јас сум една од жените кои ги гледаш на времепловот. Која постојано изгледа средено. Која изгледа како да има совршен живот. Со повеќе од четвртина милион следбеници, јас се чувствував како да мора да изгледам совршено. Морав да одржувам изглед како животот да ми е секогаш прекрасен. Како никогаш да немам проблеми. Мојот живот стана резмиран во едно од тие мали квадратчиња со фотографија. Фотографија која дури не ни прикажува која сум навистина јас. Фотографија која најчесто е планирана. Фотографија која била вежбана, темпирана и редактирана.
Сè започна кога станав позната на Instagram. Станав една од тие девојки. Знаете, оние славни Instagram девојки кои секогаш изгледаат неверојатно. Постојано добивав пораки од луѓе кои ми кажуваа колку многу луѓето ми завидуваат поради мојот живот. А всушност, јас бев како нив. Седев таму и читав пораки облечена во тренерки. Се борев со сопствените демони. Луѓето ми кажуваа дека посакуваат да имаат живот како мојот. А всушност, живеевме прилично сличен живот. Единствените делови кои вие ги гледавте беа фотографии од пет секунди.
Како што се зголемуваше бројот на следбеници, толку повеќе растеше притисокот да го одржувам тој изглед. Започнав да правам планирани фотосесии само за да имам фотографија достојна за мојот Instagram профил. Започнав да се дотерувам, да ставам лажна насмевка, да пишувам описи како „Го обожавам мојот неверојатен живот!“ Сето тоа додека се враќав во моите тренерки и се упатував на мојот термин за терапија.
Еден ден, сето тоа ми беше премногу. Притисоците, луѓето кои се огледуваа на мене, квалитетите кои најчесто ги глумев. Многу долго време посакував да изгледам совршено. А вистината е дека тоа не е реалност. Тоа не му помага на никого. Во ред е да имаш несовршености, во ред е понекогаш да имаш неуреден дом, во ред е да седиш по тренерки. И во ред е да ти треба помош.
Следниот пат кога бесцелно ќе прелистувате на Instagram, посакувајќи животот да ви биде како на некој друг, запомнете: Гледате само една фотографија. Не е важно колку чисто изгледа нечиј дом, или колку среќно изгледаат, не е важно ниту колку заљубени изгледаат. Секој има свои проблеми. Да, дури и девојките на Instagram на кои толку многу им се восхитувате и на кои се огледувате. Го знам ова, затоа што сум една од нив.
Претходно, Кејтлин имаше споделено дека страда од депресија и дека имало моменти кога воопшто не сакала да живее.






