Заљубен Канаѓанец ѝ приредил навистина големо изненадување на својата свршеница – свадба. Додека Карли Батлер била на шестмесечно патување во Англија, нејзиниот свршеник Адам активно го планирал најважниот ден во нивните животи.
Со помош на мајката на Карли, тој до детали ја организирал свадбата. На големиот ден, Адам ѝ дал писмо на својата сакана.
„Добро утро убавице, ова писмо е малку поразлично од сите оние писма кои ти ги имам напишано... Во изминативе неколку месеци ја планирав забавата за нашата свршувачка со неколку луѓе, воглавно со мајка ти... но она што се обидувам да ти го кажам е дека денес нема да се одржи нашата забава за свршувачката, туку нашата свадба“ – пишувало во писмото.
Видеото го покажува целиот настан.