Романтичен сопруг не сакал јубилејната 10-годишнина од бракот да помине само со клише подароци, па ѝ приредил големо изненадување на саканата.
За да покаже колку ја сака и почитува својата сопруга Кели, Стивен ангажирал музичари и тајно организирал втора свадба на која ги поканил блиските пријатели и роднини. Зачудената Кели најмногу се израдувала кога ги здогледала малите ќерки како држат натпис „Ќе се омажиш ли за мене... повторно?“.
Погледнете како изгледаше изненадувањето кое Стивен го планирал околу 10 месеци.