Жена сподели слатко видео од утринскиот ритуал на нејзиниот сопруг и нејзиниот син со Даунов синдром и стана хит на TikTok.
Пати Барба призна дека се чувствува благословено што го има Хуан во својот живот. Во краткото видео, таа пишува:
„Со сопругот се запознавме кога син ми имаше 6 години. Син ми има Даунов синдром и сега има 24 години. Тој секогаш ми покажува колку ме сака... преку начинот на кој се однесува кон мојот син. Тие сега се најдобри пријатели. Како станавме толку големи среќници?“
Видео
@stilettosandsincity So blessed with @juanbarba06 ##stilettosandsincity ##specialneedsmom ##downsyndrome ##upsyndrome ##specialneedsdad ##specialbond ##husband
♬ Like My Father - Jax
Пред да го запознае Хуан, Барба била самохрана мајка.
„Знаете што ми рекоа кога одлучив да бидам самохрана мајка? Дека ќе биде тешко да пронајдам некој што ќе го сака моето дете како да е негово. Можеби тоа е точно, но никогаш не ми рекоа дека кога ќе се случи тоа... ќе биде како МАГИЈА.“
„Ова е маж кој секогаш избира да биде ТАТКО. Маж кој бришел газе, чистел повраќаници, бричи бради, танцува, се гушка и се бакнува безусловно секој ден во изминатите 18 години“ – пишува таа за Хуан.
@stilettosandsincity ##happyfathersday to our ##1 @juanbarba06 ##fathersday ##specialdad ##chosendad ##downsyndrome ##stilettosandsincity ##dadtaughtme
♬ At My Worst - Pink Sweat$