Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Танцот на девојче кое не престанува да игра иако ја изгуби својата нога

ВИДЕО: Танцот на девојче кое не престанува да игра иако ја изгуби својата нога

Алиса Сајзмор не се откажува од танцувањето, иако минатата година ѝ беше ампутирана десната нога.

8-годишната танчарка насолзи многу очи со својот настап. Решителното девојче избра да танцува на баладата „Try“, која упатува порака да се чувствувате убаво во својата кожа и покрај несовршеностите. Во еден момент, Алиса ја вади својата протетичка нога и продолжува да танцува без неа.

Докторите не успеале да ѝ ја спасат ногата на малата Алиса по несреќа во мај 2014 година, во која камион ѝ го прегазил стапалото. Знаејќи колку многу сака да танцува, таткото на Алиса направил мало студио во нивниот дом за таа да може да вежба.

„Едноставно не сакав да се откажам. Танцувањето ми е омилена активност од кога имав 4 години. Немам дел од ногата, но не смеам да дозволам тоа да ме запре. Сè уште сакам да танцувам“ – изјавила таа.

Алиса Сајзмор

Алиса беше поканета да биде дел и од новиот спот на триото Gentri за песната „Dare“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20936 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.