Дизниленд е магично место, прашајте ја малата Алиса Браун и ќе се уверите. 4-годишното девојче имало една голема желба – да се врати нејзиниот татко од Авганистан. За време на последната посета на Дизниленд, желбата ѝ била исполнета на Алиса од страна на една од омилените принцези на Дизни, Снежана.
Додека била во посета на најсреќното место на светот заедно со мајка си и малиот брат, Алиса била пресретната од Снежана која ја одвела до бунарот на желбите. Без двоумење Алиса посакала да се врати нејзиниот татко од Авганистан.
Кога ги отворила очите, пред неа се појавил маринецот Скот Браун. Не минале ни неколку секунди пред Алиса да се фрли во неговата прегратка. Топлата средба била снимена со камера, па сега видеото разнежнува срца.
Погледнете ја средбата:
Мајката на Алиса раскажала дека седуммесечната разделба била многу тешко прифатена од малото девојче. „Алиса тешко се справуваше со отсуството на Скот. Таа го обожава Дизниленд и тоа беше последното место на кое отидовме како семејство пред Скот да замине. Токму затоа го избрав тоа место за повторната средба“ – изјавила Џенифер Браун.