Стогодишничка доби слатко изненадување за роденденот.
Ди Колафа присуствувала на отворањето на Дизниленд во Калифорнија во 1955 година, па за 100-тиот роденден нејзиното семејство повторно ја одвело таму за да ја изненади. Среќната старица не можела да престане да се смее и уживала во авантурата.
„Малку се изненадив. Не знаев дека ќе го направат ова. Навистина бев среќна што ме носеа на прослава. Беше прекрасно“ – рекла таа.
„Постара сум од тебе Мики“ – се пошегувала Ди додека се дружела со Мики Маус во забавниот парк. Таа додала дека треба да сме среќни што живееме на иста планета со личност со толку голема фантазија како што е Волт Дизни.
Организатор на овој потег бил нејзиниот внук Ерик Сојер.