Кој не би сакал да се венча на „најсреќното место на светот“?
Пар од Калифорнија си го оствари сонот да стапи во брак на бајковита свадбена церемонија во Дизниленд.
По осум години врска, Сара и Гилберт Ернандез ја крунија својата љубов со брак. „Сара отсекогаш беше моја принцеза и сакав да имаме свадба на која таа ќе се почувствува како вистинска принцеза“ – изјавил среќниот младоженец.
Младенците се возеа во кочија која изгледаше како излезена од приказната за Пепелашка.
Гилберт ја запросил Сара на истото место каде првпат ѝ подарил букет цвеќиња. Како големи љубители на дизниевите приказни, нивното прво заеднично патување било токму во овој забавен парк.