Свадбениот ден е незаборавлив за сите младенци, но Марли и Ендру Кент дефинитивно ќе го паметат по интересна случка.
Младите партнери одлучиле нивната венчавка да се одржи покрај езерото Тахо. За време на разменувањето на бурмите на интимната церемонија, младоженецот несакајќи го испушти прстенот кој заврши во студените води.
Прославата продолжила и без прстенот, а моментот остана овековечен со видео и фотографии.
За среќа, прстенот им беше вратен следниот ден од страна на нуркачот Фил Абернати.
„Тоа што помина една ноќ во езерото го прави овој прстен уште поспецијален“ – изјавила среќната невеста.