Зошто лицата со Даунов синдром се нарекуваат лица со „посебни потреби“? Зарем тие навистина имаат посебни потреби?
Видео пренесува моќна порака за инклузијата на овие лица и можноста тие да водат нормален и исполнет живот како и сите останати. „Тоа што навистина ни треба е образование, работа, можности, пријатели и малку љубов. Исто како и сите други. Дали овие потреби се посебни?“ – велат лицата во видеото.
На крајот од видеото стои пораката: „Не посебни потреби. Само човечки потреби“.
Денес се одбележува Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.
