За еден родител најсреќен ден е денот кога за првпат ќе го земе во прегратка своето новородено бебенце. Заљубен маж направи овој ден да биде уште поспецијален за него и за неговата сакана.
Младиот Италијанец ѝ предложи брак на девојката во болница, неколку часа по нејзиното породување.
Во слатко видео, тој го носи бебенцето до нејзиниот кревет, а потоа следува големото изненадување.
Прашањето „Мамо, ќе се омажиш ли за мојот татко?“ е напишано на бодито на новороденото момче. Кога ќе го прочита прашањето, среќната мајка не може да си ги задржи солзите.
Потоа, таа го избира одговорот „ДА“ на бодито со помош на маркер, по што радосниот татко клекнува на колено и ѝ го подарува прстенот.