Маж не можеше да си ги задржи солзите на првата средба со неговите три сестри, за кои цел живот не знаел ни дека постојат.
Во видеото, снимено од неговата ќерка Алана, емотивниот маж ги прегрнува трите жени и плаче од среќа. Алана дознала дека има тетки откако си направила ДНК тест и ги проверила резултатите на сајтот Ancestry.com.
„Ова е првата средба на татко ми и неговите сестри. Ова е нивната прва прегратка. Ги пронајдов на ancestry.com. Само сакав да откријам нешто повеќе за моето потекло и на мое изненадување, ги пронајдов сестрите на татко ми, кои ми се тетки. Кратко време откако ги пронајдов, сите отпатувавме да го видиме татко ми. Ова беше најслаткиот момент кој некогаш сум го видела. Тие нè прифатија и нè засакаа од првиот ден кога ги контактирав, а и ние им ја возвраќаме љубовта. Се надевам дека ова ќе ви го стопли срцето и ќе ве насмее... или расплаче. Животот е убав“ – напиша Алана во описот.
Во друга објава, таа сподели фотографии и напиша:
„Добив 3 тетки, 2 тетини, 2 први братучеди и многу роднини. Сè поради ДНК тест и мојата љубопитност. Животот е убав“.