Ќе се изненадите кога ќе дознаете како Јапонците ги одржуваат училиштата чисти. Секој ден, по завршувањето на наставата, учениците земаат по една крпа, која уредно е закачена на крајот од училницата и започнуваат да го чистат училиштето (наречено о-sōji или големо чистење). Тоа е дел од нивното образование.
Во видеото, кое вчера беше објавено на Facebook, се гледа како децата ги чистат училниците и ходниците, бришат подови и прозорци, служат храна и ги раскреваат своите маси за време на ручекот. И сето тоа го прават со насмевка на лицето, велејќи: „Подобро е да чистиме зад себе, бидејќи тоа е наш простор“, „Среќен сум кога просторијата е беспрекорно чиста“, „Ни даваат пофалби и луѓето ни велат благодарам. Тоа ме прави среќна“.
„Сето ова им помага да си ја зголемат самодовербата и е практика која би сакале да ја продолжиме“ – вели една од учителките.
These Kids Clean Their Own Classrooms – And Have Fun Doing ItShould kids clean their own classrooms? Japan thinks so.
Posted by AJ+ on понеделник, 2 ноември 2015