Почетна » Новости » Занимливости » Јапонија има најмногу стогодишници: Која е тајната на нивната долговечност?

Јапонија има најмногу стогодишници: Која е тајната на нивната долговечност?

Јапонците имаат најдолг животен век од сите нации во светот.

Јапонија го сруши сопствениот рекорд на стогодишници во своето население, кој сега изнесува 90.526 лица. Најголем дел од нив се жени и тоа дури 80.161 лице или 88,6% од вкупниот број стогодишници.

Јапонците

Според статистичките податоци, 0,06% од целокупното јапонско население живее до или и повеќе од 100 години, што е фасцинантен податок. Најмногу стогодишници живеат во јапонската провинција Шимане, втората најмалку населена област на јапонскиот остров Хоншу. Јапонската влада во таа чест им праќа сребрени трофеи, писма и цвеќиња.

Во 1963 година, во Јапонија живееја само 153 стогодишници. Тоа е и година во која започна да се води ваква статистика. Бројката порасна на 1.000 во 1981 година, па 10.000 во 1998 година и 50.000 во 2012 година.

Во чест на луѓето кои живеат повеќе од едно столетие, во Јапонија се слави државниот празник Ден на почит кон постарите.

Сигурно веќе се прашувате која е нивната тајна.

Ако имате можност да ја посетите Јапонија, земјата на изгрејсонцето, и да ги запрашате Јапонците која е тајната на нивната долговечност тие сигурно ќе ви речат:

„Овде никој не свесен дека живееме подолго од другите луѓе. Немаме никакви тајни. Секојдневно ги извршуваме нашите вообичаени активности и тоа е сè“.

Јапонците

Според истражувањата, долгиот животен век на Јапонците може да се должи на:

  1. Здравата исхрана. За разлика од останатите нации, Јапонците јадат многу помалку месо, млечни производи, шеќер и засладувачи, овошје и компири, но многу повеќе риби и морски производи, ориз, соја и чаеви. Со секој оброк, служат мали количества разновиден зеленчук. Консумираат ориз, кој е богат со јаглехидрати, а традиционалната Мисо супа ја јадат до трипати во денот. Обожаваат да пијат незасладен зелен чај богат со антиоксиданси, кои помагаат во подобрување на имунитетот и дигестијата, ја зголемуваат енергијата, се борат против ракот и го регулираат крвниот притисок.
  2. Јапонците Јапонците
  3. „Ikigai“. Според оваа филозофија, секој од нас треба да пронајде радост и смисла во животот наместо само да постои. Да се пронајде причина и мотивација за живеење. За некои лица тоа е семејството, а за други верата.
    „Еден маж имаше 102 години, а неговото ikigai беше да оди и да се грижи за неговите бикови. Мораше да ги види секој ден и да се погрижи за нив“ – објаснува еден странец кој во моментов живее во Јапонија.
  4. „Hara hachi bun me“. Овој концепт значи дека луѓето треба да јадат додека да се 80% сити. Според експертите, на мозокот му се потребни 20 минути за да добие сигнал од телото дека треба да престане да јаде. Јапонците јадат многу бавно и сервираат помали порции во помали чинии. Тоа им помага да не се прејадуваат.
  5. Јапонците
  6. Физичка активност. Во Јапонија има многу пешачки патеки, кои населението активно ги користи за пешачење и вежбање во текот на целата година. Физичката активност води до помали здравствени проблеми и помали здравствени трошоци. Конкретно за провинцијата Негано, професорот Хироко Акајама од Институтот за Геронтологија во Токио вели: „Навистина не знаеме дали луѓето во Негано продолжуваат да работат бидејќи се здрави или се здрави бидејќи работат. Но, ние веруваме дека работата го подобрува здравјето“.
  7. Активниот животен стил и во поодминато доба. Јапонците остануваат физички и ментално активни и во пензионерските денови. Ако го сакаат она што го правеле, продолжуваат да го прават и по пензионирањето.

Куроива бил туристички менаџер во провинцијата Негано. Се пензионирал на 66 години, па продолжил да работи на својата фарма по 12 часа дневно каде одгледува овошје. Тој вели: „Овде е ваков животниот стил, работите во канцеларија, а потоа се пензионирате на фарма. Моите родители работеа активно до 80 години, така планираме и јас и мојата сопруга“.

  1. Помладите се грижат за постарите. Јапонците многу добро се грижат за повозрасните членови од семејството. Жителите на Јапонија се залагаат за зачувување на семејните вредности и го држат семејството заедно, па многу нормално е бабите и дедовците да поминуваат време со внуците. Јапонците веруваат дека семејните вредности влијаат позитивно на сите, како на старите, така и на помладите.

Според јапонската семејна култура, секој член на семејството си ги знае своите обврски и постојано ги исполнува. Од секој член се очекува да допринесе во домот. Жената е задолжена за воспитувањето на децата, грижата околу домаќинството, одржување на социјалните врски. Мажот работи со полно работно време, ако е во местото на живеење се враќа доцна од работа, а ако работи подалеку се случува да се враќа дома еднаш во неделата. Жената е столбот на домот.

Јапонците

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.