Колку навистина болат породилните контракции можат да ви кажат само мајките. Од друга страна, мажите можат само да замислуваат колку се силни болките при породувањето.
Двајца мажи одлучија да го променат тоа и на своја кожа да почувствуваат колку боли да родиш бебе.
Лудите холандски водители Денис Сторм и Валерио Зено врескаа и се виткаа од болка кога во својата емисија „Зморчиња“ искусија симулирани породилни контракции.
„Дали мислиш дека болката ќе нè натера да врескаме?“ – ја прашал Зено медицинската сестра.
„Да, дефинитивно“ – без двоумење одговорила таа.
Сторм и Зено издржале два часа од симулираните контракции. Погледнете ги нивните реакции:
Ова не е првпат маж да „доживее“ породување. Во 2009 година, Австралиецот Ендрју Рочфорд го искуси породувањето со слична симулација и објасни дека знае зошто жените пцујат.