Видео од бебенце, кое престанува да плаче кога за првпат ќе го слушне гласот на родителите, ќе ви го разубави денот.
Тримесечниот Мејсон плаче додека му поставуваат слушно помагало во Детската болница во Атланта. Но, тој веднаш се смирува и се насмевнува кога ќе ѝ го слушне гласот на мајка си.
Семејството открило дека Мејсон е глув кога тој имал само 2 месеци.