Стигнувате на аеродром и наидувате на „патувачки рулет“ – ви нудат бесплатно патување на непозната локација која ќе ја определите сами со притискање на копче, но само ако заминете веднаш. Дали сте доволно авантуристи за да го прифатите предизвикот?
Токму тоа им се случи на лица на аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк. Неколкумина ја одбија понудата со најразлични изговори како тоа дека се на ергенска забава или дека треба да заминат на бизнис патување.
Сепак, имаше и доволно храбри лица кои го прифатија предизвикот и заминаа на дестинации како Тајланд, Португалија, Лаос и Кипар.