Џефри Ли доби громогласен аплауз за својот настап во шоуто America’s Got Talent.
13-годишното момче од Канада ги освои симпатиите на жирито и на публиката со прекрасната изведба на песната од Џош Гробан „You Raise Me Up“.
Додека Ли пееше, неговата мајка со солзи во очите го следеше настапот.
Погледнете го настапот на талентираното момче:
Дури и самиот Џош Гробан го пофали Ли за неговата изведба. На Twitter тој го сподели видеото и напиша: „Само напред Џефри!!! Почестен сум“.
Way to go, Jeffrey!! I’m honored! https://t.co/xpzCJeT7pF
— josh groban (@joshgroban) June 20, 2018