Питер Росалита ги воодушеви судиите и гостите во шоуто America’s Got Talent.
10-годишното момче со моќен глас настапи со хитот на Селин Дион „All by Myself“ и доби овации за изведбата. Сајмон Коуел беше особено импресиониран од настапот и призна дека се наежил од гласот на Питер, додека Хоуи Мендел прогнозираше дека ќе стигне далеку во натпреварувањето.