Роденденските фотографии на Филис Џонс и Ајрин Крамп ќе ви разубават денот.
Веселите бабички, кои веројатно се најстарите близначки во Велика Британија, го одбележаа својот 102-ри роденден со колоритна фотосесија.
Синот на Филис изјавил дека на многумина им е тешко да поверуваат дека сестрите имаат над сто години, бидејќи изгледаат многу помладо. „Дефинитивно се надевам дека ќе има уште многу родендени. Мајка ми ментално не е во добра состојба поради деменцијата, но таа се бори и дефинитивно не изгледа како да има 102 години, а не изгледа ни тетка Рене“ – изјавил тој.
Бабичките добиле роденденска честитка за 100-тиот роденден од кралицата Елизабета, а се очекува следната да ја добијат за прославата на 105-тиот роденден.