Фотографиите од близначките Марија Понтин и Паулина Пандолфи ќе ве расположат и ќе ви покажат дека младешкиот дух не избледнува со годините. На нив, слатките сестри од Бразил позираат заедно за да го прослават својот 100-ти роденден.
Фотосесијата е весела и колоритна, а им е подарок од талентираната фотографка Камила Лима.
Насмеаните бабички се на второ место по старост меѓу близначките во нивната татковина.
„Дознав за нивното постоење и одлучив да им подарам подарок со овој прекрасен фотографски есеј. Тие се прекрасни и многу слатки! Никогаш не сум сретнала некој толку стар, а особено не близначки. Тие го заслужуваат тоа“ – изјавила фотографката, која на една од фотографиите позира со сестрите.