Често се случува луѓето да помешаат близнаци поради нивната преголема сличност, но тоа никогаш се нема случено со Марсија и Мили Бигс. Зошто? Бидејќи 11-годишните близначки воопшто не наликуваат една на друга.
Марсија има светол тен, руса коса и сини очи, додека нејзината сестра Мили има значително потемна кожа и црни очи.
„Понекогаш луѓето не ни веруваат кога им кажуваме дека сме близначки. Мислат дека ги лажеме“ – изјавила Марсија.
Очигледните разлики меѓу близначките се должат на мешаното потекло на нивните родители. Марсија го наследила својот изглед од мајка им, додека Мили од нивниот татко.
Кога се родиле девојчињата имале иста боја на кожата, но како што минувало времето кожата на Мили започнала да станува сè потемна и потемна. „Ние никогаш не се грижевме за тоа. Едноставно го прифативме“ – рекол нивниот татко.
Шансите да се родат близнаци со различна боја на кожата се многу мали (еден случај на милион).