Најчесто, најдоброто што можеме да го направиме за себе е најочигледно, а сепак решаваме да го игнорираме.
Писателката Таназ Чаб создаде листа со совети за самоподобрување кои навидум изгледаат едноставни за следење, но мнозинството од нас не успеваат да ги применат во животот.

- Престанете да велите ДА кога всушност мислите НЕ.
- Не вложувајте енергија и време во луѓето кои не ве почитуваат.
- Бидете искрени со себе за тоа како навистина се чувствувате.
- Вашата среќа нека ви биде врвен приоритет.
- Престанете да измислувате изговори за другите и за себе.
- Не се принудувајте избрзано да донесувате одлуки.
- Поминувајте повеќе време со луѓето со кои се чувствувате пријатно.
- Не плашете се смело да се застапувате себеси и да го кажувате она што го мислите.
- Не се натпреварувајте и споредувајте со другите.
- Останете присутни во сегашноста, без оглед на тоа што ви се случува во животот, наместо да посакувате сè да беше поинаку.
- Простете си за минатите грешки.
- Слушајте ги и верувајте им на внатрешниот глас и интуицијата.
- Креирајте листа на цели и секој ден правите мали чекори кон нив.
- Велете ДА за повеќе задоволство и уживање во животот.
- Издвојувајте време за нештата кои ги сакате.
- Престанете да се наговорувате себеси да се оттргнете од работите кои сакате да ги правите.
- Фокусирајте се на сè она што го имате во животот и за кое треба да бидете благодарни.
- Престанете да се грижите за она што не можете да го контролирате.
- Преземајте одговорност за вашиот живот, не глумете жртва.
- Фокусирајте се на решенија наместо да дозволувате проблемите да ве потиштуваат.
- Славете ги вашите успеси.
- Поедноставете си го животот со отстранување на непотребните драми и конфликти.
- Започнете да верувате во себе и во вашата способност да успеете.
- Не ги игнорирајте вашите чувства.
- Научете се како да се откажете од контролата и да се релаксирате.
- Зборувајте си себеси со љубезност и љубов.
- Не ги преземајте туѓите проблеми како свои.
- Престанете да ги осудувате другите и фокусирајте се на тоа да ги прифатите онакви какви што се.
- Започнете да се сакате себеси.