Чејс и Маријахозе се вистински авантуристи. Парот од Нешвил три години живееше во училиштен автобус, но за време на карантинот, купи комбе кое го претвори во прекрасен дом со кој ќе патува низ светот.
29-годишното момче и 26-годишната девојка го трансформираа празното комбе во удобно место за живеење. Тие патуваат заедно со нивните две кучиња.

„На YouTube гледавме видеа од луѓе кои ги пренаменуваат автобусите и комбињата. Татко ми ни ги покажа првите видеа бидејќи знаеше дека ни се допаѓа идејата да живееме во мал простор. Претходно живеевме во куќа од 185 m2 и имавме опремени соби кои никогаш не ги користевме. Тоа ни беше непотребно“ – изјавил Чејс.







Видео од трансформирањето на комбето:
Чејс и Маријахозе се венчаа на почетокот од пандемијата.
Погледнете и фотографии од автобусот кој претходно беше нивни подвижен дом: