Блогерка го користи својот профил на Instagram за да покаже дека мајчинството не е толку совршено како што се прикажува на социјалните мрежи.
Стефани, преку натписи на табла, ги доловува маките, желбите и потребите на уморните мајки.
„Во совршениот свет на Instagram, на сите им покажувам дека животот како мајка не е секогаш толку гламурозен како што го гледаме во тие малечки квадрати. Го користам мојот профил на Instagram за да ја покажам добрата, лошата и смешната страна на родителството. Некои денови се преживување и кафе... многу, многу кафе“ – вели креаторката на блогот „Modern Day Wonderland“.
Еве некои од нејзините фотографии:
Пред да имам деца бев толку многу себична, што се туширав буквално секој ден.

Сите се подготвуваат за Валентин, а јас уште се собирам од Божиќ.

Судејќи според тоа колку облека перам, ми се чини дека тука живеат луѓе кои никогаш не сум ги сретнала.

Знаеш дека си мајка кога ќе започнеш да избираш функционално пред модерно.

Јееее, викенд е... Уф заборавив, јас сум мајка.

Знаеш дека си мајка кога бањањето вклучува помалку меурчиња, а повеќе бротчиња.

Драга мама, и со менувањето пелена го менуваш светот

Перење денес или голи утре.

Сè што сакам е мојот сопруг да ги обвие рацете околу мене, да ме фрли во кревет и да ми шепне... Врати се на спиење додека да ја исчистам куќата.

Ајде да престанеме да си даваме совети и да започнеме да си даваме прегратки, бидејќи оваа мајчинска работа е тешка.

Патување со мали деца! Значи да бидеш прашана 500 пати „Стигнавме?“ уште пред да излезете од градот.

Драг Дизни, како да ги научам животните да ја чистат куќата наместо мене?

Ако се скријам од моите деца надвор, дали тоа се смета за кампување?

Гаражна распродажба: Сè за што повеќе немам време откако имам деца.

Драга мама, знам дека е тешко, но го можеш ти тоа.

Знаеш дека си мајка кога патувањата сама во бањата изгледаат како одмор.

До сите давачи на живот, менувачи на пелени, бришачи на мрсули, давачи на бескрајна љубов… Вдишете длабоко, бидејќи го можете вие ова.

Знаеш дека си мајка кога...

Драга мама, не мора секогаш да уживаш во секој момент.

Официјално преживеавме 365 непреспани ноќи заедно.

Драга мама, не мора да бидеш совршена за да бидеш сакана.

Сакате да слушнете виц за мајки? Кафе без кофеин.

Не ми требаат инспиративни цитати... Ми треба кафе!

Започнав да правам оброци од храната која моите деца ја кријат под перниците од каучот.

Посакувам ова да беше вино.

Зошто децата мразат гаќи? И други мистерии на мајчинството.

Денешната лекција? Спиење цела ноќ.

Сè е забава и игра сè додека не ти се смалат фармерките.
