Почетна » Новости » Занимливости » Бездомниците во Белград ќе добијат автобус во кој ќе можат да се избањаат и да си ја исперат облеката

Бездомниците во Белград ќе добијат автобус во кој ќе можат да се избањаат и да си ја исперат облеката

Жители на Белград кои останале без своите домови добиваат мала, но значајна помош. Ним ќе им биде обезбеден автобус кој ќе им пружи услови за одржување на личната хигиена.

Во главниот град на Србија ќе кружи автобус соодветно адаптиран за бездомниците да можат да се избањаат, да си ја исперат облеката и да добијат бесплатно потстрижување и советување.

Бездомник

„На Меѓународниот ден на бездомниците објавуваме дека ДрумоДом наскоро ќе започне со работа (по една година подготовки). Ќе биде наменет за сите во Белград кои немаат свој дом. Станува збор за адаптиран автобус кој ќе ги посетува местата каде што престојуваат овие наши сограѓани и ќе им обезбеди бесплатно туширање, тоалет, потстрижување, перење на облеката и можност за разговор. Заедно ќе бараме трајни решенија“ – стои на официјалната страница на Facebook на ДрумоДом.

Според податоците на страницата на ДрумоДом, во Белград има од 3 до 5 илјади возрасни бездомници, а во слична состојба се и околу илјада малолетници. Дел од нив живеат во напуштени објекти и згради, додека дел спијат под отворено небо. „Понекогаш се преслекувам, имам чиста облека. Но залудно, кога немам каде да се избањам. На улица се стигнува лесно, полесно отколку што мислиш. За час судбината ти се менува. Додека да се свртиш, си останал без кров над главата“ – изјавил Елвис, средовечен Србин кој живее на улица.

Целта на проектот „ДрумоДом – на пат до куќа“ е на овие луѓе да им се овозможи враќање на нивните основни права.

Адаптираниот автобус ќе биде опремен со специјално дизајнирани туш кабини и тоалети, а ќе бидат обезбедени и бесплатни фризерски услуги, советување и психо-социјална помош и поддршка.

„ДрумоДом“ ќе биде прв проект од ваков тип во Европа, а е овозможен од организацијата АДРА.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20963 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.