Хуманитарната организација „Crisis“ резервира 517 соби во хотели во Лондон за престој на бездомни лица за време на божиќните празници.
Додека сите ние сме најбезбедни дома за време на пандемијата, овие лица немаат каде да се засолнат. Најзагрозените лица ќе престојуваат во хотелските соби две недели и ќе им биде доставуван топол оброк трипати дневно.
Поради коронавирусот, организациите кои им помагаат на бездомните лица не можат да ги сместуваат во прифатилиштата како и претходните години, бидејќи тоа би значело престој на многу луѓе во една просторија и лесно пренесување на коронавирусот.
Во нормални услови, огранизацијата „Crisis“ им помага на над 4.000 лица.