Артистка ги претставува моментите кои ги искусува во текот на нејзината прва бременост, користејќи ги дизниевите ликови.
Ана Беленки ги црта принцезите на Дизни како трудници кои се соочуваат со реални проблеми. Нејзиниот серијал е насловен „Real-life princesses“.
Сè започнува со фантазија, исто како и сè друго...
„Ова е оној магичен момент кога сфаќате дека создадовте нов живот и дека наскоро ќе го донесете на овој свет.“
Славење на првите моменти
„Инспирирано од првото клоцање на моето бебе.“
Нема повеќе „skinny“ панталони
„Боже, само што сфатив дека ниту едни панталони не ме собираат, а бидејќи сме во локдаун, нема од каде да си купам. Заглавена сум додека да ми пристигнат онлајн нарачките.“
Велат бременоста ќе ти даде блесок
„Ми се чини дека немам спиено со години. Кога ќе погледнам во огледалото, таа вреска по мене и ме моли да престанам! И што е работата со акните? Имав помалку како тинејџерка!“
Оваа е за татковците
„Моментот кога го откривме полот на детето и таткото започна да плаче. Не е ли неодоливо? Им ја посветувам илустрацијава на сите чувствителни татковци, најдобри сте!“
Преминувам на територијата за разговори за реалноста
„Си ја замислував мојата бременост како нежна и магична. Никој не ме подготви за фактот дека ќе бидам како балон со гасови кои не можам да ги контролирам, па еве сум, ви ја раскажувам целата вистина околу тоа. Во оваа точка, можам да кажам дека дефинитивно романсата ја нема.“
Во ова ќе се пронајдат сите идни мајки
„Утринските мачнини кои продолжуваат цел ден се голем дел од мојот секојдневен живот како трудница.“
Престани да цимолиш
„Што ми е мене? Може ли ова да се поправи? Плачам хистерично за сè!“