За да ги одвлечат децата од компјутерските игри и технологијата и да ги поттикнат да ја изразат својата креативност на хартија, артисти од целиот свет „оживуваат“ детски цртежи.
Целта на проектот „The Monster“ е на најмалите да им се покаже моќта на нивната фантазија и да им се пренесе порака дека не треба да престануваат да го усовршуваат својот потенцијал.
Артистите ги пресоздаваат чудовиштата нацртани од децата во свој уникатен стил, правејќи ги забавни и интересни.
„Со намаленото внимание кое му се посветува на уметноста на училиште, многу деца немаат можност за креативно истражување какво што заслужуваат. Тоа е монструозен тренд кој ние сакаме да го уништиме. Се надеваме дека ќе им помогнеме на учениците да ја препознаат вредноста на нивните идеи и ќе направиме да чувствуваат возбуда за потенцијалот на нивниот ум. Креативноста доаѓа во многу форми и се надеваме дека ќе ги охрабриме да ги истражуваат нивните уникатни перцепции“ – пишува на сајтот на проектот.

































