Почетна » Новости » Занимливости » Анксиозноста низ објективот на фотографка која секојдневно се бори со неа

Анксиозноста низ објективот на фотографка која секојдневно се бори со неа

Кејти Џој Крафорд е млада фотографка која преку автопортрети доловува како се чувствуваат лицата со анксиозност. Соочувајќи се повеќе од една деценија со ова нарушување, Кејти го искористила личното искуство за да ја создаде серијата од фотографии „My Anxious Heart“.

Анксиозноста кај Кејти се појавила уште на 11-годишна возраст откако нејзините родители се развеле, а на нејзиниот брат му бил дијагностициран рак. „Првиот паничен напад го имав на 11 години. На таа возраст не би требало да познавам толку силен страв“ – објаснила таа. „Почнав да дишам забрзано, да плачам, да се тресам, да ја молам мајка ми да направи тоа да исчезне, да го молам Бог да ми дозволи да спијам“ – се отворила таа.

Моќниот проект на Крафорд не само што ги потртретира нејзините внатрешни битки, емоции и чувства, туку им дава можност на луѓето кои никогаш не се соочиле со анксиозноста да добијат претстава како се чувствуваат секојдневно анксиозните лица. „Јас визуелно го интерпретирам моето емоционално и физичко патување, за другите да можат да ја разберат тежината која многумина во нашето општество ја носат“ – пишуваа таа на својот сајт.

Кејти Џој Крафорд

„Постојано ти кажуваат да дишеш. Можам да ги почувствувам моите гради како се движат горе и долу, горе и долу, горе и долу. Но, зошто ми се чини дека се задушувам? Ја држам раката под мојот нос за да се уверам дека од него излегува воздух. Сè уште не можам да дишам.“

Кејти Џој Крафорд

„Депресија е кога воопшто не можеш да чувствуваш. Анксиозност е кога чувствуваш премногу. Да ги имаш и двете значи константна војна во твојот мозок. Да ги имаш и двете значи дека никогаш нема да победиш.“

Кејти Џој Крафорд

„Се плашев да заспијам. Најсилната панка ја чувствував во потполна темница. Всушност, потполната темница не беше страшна, туку малата светлина која формираше сенка. Ужасна сенка.“

Кејти Џој Крафорд

„Тоа е како кога пливаш и се обидуваш да допреш со нозете на дното... но, тоа не е таму. Не можеш да го допреш, а твоето срце прескокнува отчукување.“

Кејти Џој Крафорд

„Сече толку длабоко и ти се чини дека никогаш нема да заздрави. Болката е толку реална, што речиси е неподнослива“

Кејти Џој Крафорд Кејти Џој Крафорд Кејти Џој Крафорд Кејти Џој Крафорд Кејти Џој Крафорд Кејти Џој Крафорд Кејти Џој Крафорд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19682 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.