По повод 125-годишнината од своето постоење, „National Geographic“ ги покани фотографите од целиот свет да ги споделат своите најдобри дела. Во иницијативата „Your Shot“ биле вклучени над 25.000 фотографии од аматери и професионалци од целиот свет.
Уредниците на списанието ги избрале деветнаесетте најдобри фотографии кои одговараат на концептот „Explore Our Changing World“ и ја покажуваат убавината на планетата на која живееме.
Победничка фотографија е црно-белата динамична фотографија на Клаус Приебе која прикажува невреме над кањон.