Пред еден месец започна натпреварот на „National Geographic“ за избор на најдобра фотографија. Аматери и професионални фотографи од целиот свет визуелно го покажуваат својот талент да уловат неповторлив момент.
Досега речиси 2.000 фотографии се објавени во трите категории – места, луѓе и природа. Од богомолки до поларни мечки, фасцинантни портрети и волшебни природни убавини, прошетајте низ нашата планета преку дел од фотографиите од натпреварот.