Фотографиите од натпреварот National Geographic Traveler откриваат колку е фасцинантна и интригантна планетата на која живееме.
Неверојатни портрети, восхитувачки пејзажи и спонтани моменти се отсликани на фотографиите на аматери и професионалци од целиот свет кои се борат за главната награда – осумдневно патување во Алјаска.
За натпреварот, кој ќе трае до 30 јуни, досега се испратени над 8.000 фотографии.
Една од фотографиите прикажува зајдисонце во Охрид, а е дело на Фабио Нодари.